Хостирање

Што е хостирање?

Хостирањето е исто како и изнајмување на канцеларија. Можете да го водите вашиот бизнис од дома или од импровизирана локација, или можете да изнајмите канцеларија со далеку подобри услови во специјализирани објекти. Слично на тоа, можете вашиот веб сајт да го хостирате на сопствен сервер, за кој треба да платите многу пари, како и да имате обучен ИТ кадар, или можете да го препуштите на високо специјализирана хостинг компанија.

Со растот и развојот на е-бизнис решенијата, компаниите започнаа да го префрлаат целиот свој бизнис онлајн. За да ги избегнат големите трошоци и губењето на скапоцено време, тие го препуштаат оперирањето со нивните бизнис апликации на специјализирани компании кои со голема професионалност се грижат за постојаната достапност на апликациите како и за безбедноста на податоците.

Со тоа, вие се фокусирате на вашиот бизнис и правење пари, а ние се грижиме да не искусите никакви технички пречки правејќи го тоа.

Зошто хостирање?

за да заштедите време и човечки ресурси
да обезбедите потребна софтверска платформа
редовно одржување на апликациите
безбедност и сигурност на вашите податоци
за да заштедите средства за:
купување на ИТ платформа (сервери, мрежна опрема и друго)
редовно одржување на целокупната ИТ платформа
трошоци за просториите и за опремата (простор, струја, климатизер, итн.)
за да можете да пристапувате до вашите апликации од секаде и во секое време
за да ги следите позитивните трендови на развиениот свет и да работите организирано со модерни бизнис апликации со светски референци

Вие ќе можете да ја фокусирате својата енергија и време на вашиот бизнис, а ние ќе се погрижиме за се што е потребно вашите апликации да функционираат безпрекорно

Comments are closed.