Општи услови за користење

Општите услови за користење на услугата Веб Хостирани Апликации претставуваат составен дел на Договорот.. Корисникот треба да ги прочита и прифати овие услови пред да го потпише Договорот со Давателот на услугa. Општите услови се следни:

1. Политика за користење на услугата

Политиката за користење на услугата предвидува:

а) Давателот на услуги да ја обезбеди услугата Веб Хостирани Апликации со максимална грижа и со користење на најдобрите искуства во оваа индустрија

б) Целокупната ИТ платформа за обезбедување на услугата и тоа хардверот (серверите, рутерите) и софтверот, Давателот на услуги да ги одржува во добра рабптна состојба

в) Давателот на услуги ќе го одстрани секој дефект или грешка на хардверот или софтветрот веднаш штом тоа е изводливо, а доколку таквата поправка направи прекин во користење на услугата, за тоа веднаш ќе го извести Корисникот

2. Промена на условите за користење

Давателот на услуги има право да ги промени условите за користење на услугата во било кое време. Промените ќе бидат објавени на веб страната на Давателот на услуги, и дополнително Корисникот ќе биде известен преку е-маил.. По приемот на известувањето, Корисникот има право да го раскине Договорот со ефект од денот на промена на условите, и за тоа треба да го извести Давателот на услуги. Доколку Корисникот не даде известување за раскинување се смета дека ги прифаќа новите услови.

3. Обврски и права на Давателот на услуги

3.1. Давателот на услуги има обврска:

а) да обезбеди хардвер, софтвер и интернет линкови со потребен капацитет неопходни за обезбедување на услугата

б) да му обезбеди на Корисникот квалитетно и непрекинато користење на услугата во согласност со нивото за достапност дефинирано во Договор за квалитетот на услугите (Service Level Agreement)

в) да обезбеди сигурна околина со услови потребни за нормално функционирање на ИТ платформата, и тоа системи за непрекинато електрично напојување, системи за греење и климатизација, системи за гаснење на пожар и слично

г) во рамките на техничките можности, да обезбеди неповредливост и заштита на тајноста на податоците на Корисниците што се запишуваат или пренесуваат преку ресурсите на ИТ платформата

3.2. Давателот на услуги има право:

а) да ги промени техничките карактеристики односно да ја мигрира својата ИТ платформа на повисоко технолошко ниво заради обезбедување на подобар квалитет на услугата и/или можност за користење на нови услуги

б) да ја прекине услугата на Корисникот привремено заради редовно одржување на својата ИТ платформа. За планираните прекини Давателот на услуги навремено ќе го извести Корисникот

в) да ја прекине услугата на Kорисникот привремено или трајно во некој од следниве случаи:

неневремено плаќање на достасаните фактури
злоупотреба на ресурсите од страна на Корисникот, или намерно или поради неправилно користење
извршување или промовирање на секаков вид на нелегална активност од страна на Корисникот, вклучувајќи измама, чување и /или сместување и /или поставување врски до нелегални содржини
доколку на веб серверите на Корисникот има содржини кои на било кој начин се во спротивност на основни морални норми или поттикнуваат било какава дискриминација
во случај да Корисникот се обидува да направи пробивање на безбедноста на системот на Давателот на услуги

Прекинувањето на услугата не го ослободува Корисникот од плаќање на обврските кон Давателот на услуги стасани до моментот на прекинувањена услугата односно раскинување на Договорот.

г) да дава податоци и информации за Корисниците на лица со посебни овластувања од надлежни органи, со Решение во кое се наведува основата и потребата за прибирање на вакви податоци

д) да соработува целосно во истрагите за пробивање на безбедноста на системите на Давателот на услуги, и/или други системи и/или мрежата

4. Права и обврски на Корисникот

4.1. Корисникот има право:

а) да добива квалитетно и непрекинато користење на услугата, во согласност со правилата и прописите од оваа област, во кои се утврдени стандардите за квалитет на јавните комуникациски услуги

б) да бара привремен прекин на обезбедување на услугата (мирување), за период од 3 месеци, но не повеќе од еднаш годишно при што за истиот временски период ќе биде продолжен Договорот

в) да бара неговите лични податоци да не бидат објавувани во јавност и достапни до јавност

г) да бара и да добие информација за цените и тарифите за користење на услугите што ги овозможува Давателот на услуги

4.2. Корисникот има обврска:

а) услугата да не ја користи за цели спротивни на моралните норми и закони

б) корисничкото име и лозинката што ќе ги добие за користење на услугата да ги чува во тајност и да не дозволи нивна неовластена употреба од страна на трети лица

в) доколку стане свесен за било какво неовластено користење на услугата или на некој ресурс на ИТ Платформата што му се доделену нему веднаш да го извести Давателот на услуги

г) навремено да ги плаќа фактурираните износи за користените услуги во рокот наведен во фактурата (сметката), како и во случај на поднесен приговор за износот на сметката

д) да го одржува неговите контакт информации со Давателот на услуги ажурни и точни

ѓ) да ги одржува неговите платежни податоци со Давателот на услуги ажурни и точни. Користењето на лажни податоци е основа за итно прекинување на услугата, и може да стане предмет на граѓанска или кривична одговорност

е) во рок од 3 (три) работни дена од настанати промени писмено да го извести Давателот на услуги за секоја промена на името, називот, адресата, статусот или за кои било податоци од идентификационен карактер

ж) да вложи максимални напори да обезбеди содржината на неговите веб сервери да не содржат вируси или штетни кодови

5. Злоупотреба на користењето на услугата на Давателот на услуги

Подолу се наведени активностите за кои сметаме дека претставуваат злоупотреба на користењето на услугите на Давателот на услуги и се строго забранети:

а) користење на ИТ Платформата на Давателот на услуги за запишување или пренесување на било каков материјал кој е неприличен, заканувачки, навредлив, клеветнички или на било каков начин може да доведе до граѓанска одговорност

б) користење на ИТ Платформата на Давателот на услуги за запишување или пренесување на податоци или материјали кои се во спротивност со државната регулатива или закон. Ова вклучува, но не е ограничено на материјал којшто е заштитен со авторски права, трговски марки (ознаки) и слично

в) користење на ИТ Платформата на Давателот на услуги така што ќе се направи обид да се заобиколи било кој од безбедносните процедури за пристап до било која Апликација и/или сервер. Ова вклучува и пристап до податоци кои не се наменети за Корисникот, влез во серверите или во ресурси доделени на друг Крисник

г) обид за мешање односно негирање на услугите на друг Корисник. Ова вклучува, но не е ограничено на flooding, mailbombing, или други обиди намерно да се преоптоварат или блокираат ресурсите на ИТ платформата, серверите или мрежата

д) активности кои предизвикуваат denial of service напади и негативно влијаат на некој друг ресурс од ИТ платформата на Давателот на услуги. Оваа забрана е за заштита на базата на нашите корисници како целина, од услуги кои имаат тенденција да предизвикаат напади и имаат потенцијал да ги деградираат услугите за другите Корисници на услуги

Корисникот кој е вклучен во вакви активности ќе биде веднаш исклучени без предупредување. Прекинувањето на услугата не го ослободува Корисникот од плаќање на обврските кон Давателот на услуги стасани до моментот на прекинувањена услугата односно раскинување на Договорот.

6. Безбедност на ИТ платформата на Давателот на услуги

Давателот на услуги обезбедува висок степен на безбедност на својата ИТ платформа, и таа е во согласност со тековните прифатени стандарди од оваа област. Безбедноста на ИТ платформата предвидува неколку категории на контроли:

физичка контрола , спречување на недозволен пристап до просториите односно опремата
техниичка контрола, мрежна автентикација, дефинирање на листи за дозволени пристапи и слично
административна контрола, обука на персоналот и подигање на свеста за безбедноста, водење сметка при вработување на персоналот и слично

7. Заштита на податоците на Корисникот

Пристап до Апликациите односно до базите со податоци доделени на Корисникот има САМО Корисникот на услугата. После првиот пристап до апликацијата Корисникот ќе ја промени својата лозинка со што тој станува единствен авторизиран за пристап . Корисникот е одговорен за доверливоста на корисничкото име и лозинка заради заштита од пристап на неавторизирани поединци. Давателот на услуги е одговорен за заштита на целокупната ИТ платфрорма од неавторизиран пристап на поединци и/или системи.

8. Поддршка за Корисниците

8.1. Техничка поддршка:

За времетраењето на користењето на услугата, Давателот на услуги ќе му обезбеди на Корисникот техничка поддршка од стручни лица од својот тим. Техничката поддршка е обезбедена без дополнителен паричен надомест, односно истата е вклучена во цената на секој Пакет услуги. Давањето на техничка поддршка, односно решавањето на проблемите ќе биде направено во согласност со дефинициите и параметрите дефинирани во Договорот за квалитетот на Услугите (Service Level Agreement).

8.2. Апликациска поддршка:

Давателот на услуги ќе му обезбди на Корисникот и апликациска поддршка за користење на Апликациите. Оваа поддршка ќе биде обезбедена за дополнителен паричен надомест, во договор со Корисникот. Корисникот можа да ја нарача ваквата поддршка за времетраење кое сам ќе го определи, односно може да биде и за пократко време од времетраењето на користењето на услугата.

8.3 Други услуги:

Давателот на услуги на барање на корисниците ќе обезбеди и други услуги како консултации, обука или друго. Сите вакви услуги ќе бидат обезбедени во Договор со Корисникот а за дополнителен паричен наадомест.

8.4 Преглед на потрошени ресурси:

На барање на Корисникот, Давателот на услуги ќе му обезбеди приказ на состојбата на ресурсите кои што му гсе доделени во рамките на договорениот пакет.

9. Тарифирање на пропусен опсег

Доколку Давателот на услуги увиди дека Корисникот го надминал нивото на користење на интернет сообраќајот дефинирано во Договорот, за тоа ќе го извести Корисникот. Во таков случај Корисникот треба еднократно да плати доплнителен паричен надомест за пречекорениот интернет сообраќај (према тарифата објавена на веб страната на Давателот на услуги) или пак да премине на користење на услугите од друг Пакет со повисоко ниво на интернет сообраќај.

10. Лиценци за Апликациите

Давателот на услуги за Корисникот ќе ги инсталира договорените Апликации на својата ИТ Платформа. Лиценците за користење на апликациите се без паричен надомест. Корисникот ќе ги прифати сите услови од Лиценците за избраните Апликаци со потпишување на Договорот со Давателот на услуги.

11. IP адреси

Давателот на услуги привремено ( за времетраењето на Договорот) ќе му додели една или повеќе IP адреси на Корисникот. Корисникот се согласува дека IP адресите не се преносливи и признава дека тие се во сопственост на Давателот на услуги и се доделуваат како дел од услугите.

12. Сигурносни копии (бекап)

Во рамките на процесот на редовно одржување Давателот на услуги прави сигурносни копии (бекап) на сите записи (бази на податоци, програми, инсталациски и конфигурациски датотек). Овие сигурносни копии се генерираат и се чуваат во согласност со политиката за одржување на ИТ платформата на Давателот на услуги. Сигурносните копии ќе се користат единствено, во случај на испад на системот да треба повторно да се вратат записите (ресторе) и за никакви други цели. Давателот на услуги нема да ги продава, изнајмува или споделува со трети страни сигурносните копии, освен ако тоа за некакви потреби експлицитно го бара Корисникот.

Сигурносните копии (бекап) се прават еднаш неделно во последниот работен ден од неделата. Давателот на услуги чува по две сигурносни копии наназад. Oваа услуга е вклучена во секој од понудените Пакети со услуги и се дава без дополнителен паричен надомест.

На барање на Корисникот, Давателот на услуги ќе обезбеди едно повторно враќање ((ресторе) на записите во еден календарски месец без паричен надомест. како дел од услугата. Доколку Корисникот во овој период има потреба повеќе пати да направи повторно враќање (ресторе), Давателот на услуги ќе му го обезбеди тоа но за дополнителен паричен надомест.

13. Политика за Спам кај Корисниците

Давателот на услуги има нула толеранција за спам (праќање на големо количество на е-маил пораки до клиент кој што не сака да ги прима) кој потекнува од корисниците, или од нивните корисници. Исклучок се Апликациите кои поддржуваат маркетиншки кампањи.

Во случај на појава на спам пораки, Давателот на услуги писмено ќе го извести Корисникот, и доколку и после тоа не се елиминираат ваквите пораки Давателот на услуги има право да ја прекине услугата односно да го раскине Договорот.

Прекинувањето на услугата не го ослободува Корисникот од плаќање на обврските кон Давателот на услуги стасани до моментот на прекинувањена услугата односно раскинувањето на Договорот.

14. Одстапување на услугата

Корисникот има обврска услугите на Давателот на услуги да ги користи САМО за сопствени потреби, односно да не ја одстапува услугата на привремено или трајно користење на трети страни без предходно писмено одобрение од Давателот на услуги.

Во случај Корисникот да добие одобрение и ја одстапи услугута на трета страна, предходно треба кон Давателот на услуги да ги намири сите обврски достасани до мометот на одстапување на услугата.

Comments are closed.