Е-маил сервер

  • Е-маил сервер со името на вашиот домен
  • Голема брзина, стабилен при големи оптеретувања, безбеден
  • Интероперабилен со скоро сите е-маил сервери

Апликацијата овозможува да имате сопствен е-маил сервер за вашиот интернет домен (на пример “mojafirma.mk”). Апликацијата кон другите фирми комуницира со нивните е-маил сервери, а внатре,за вработените во вашата фирма, со е-маил клиентските апликации, било да се:
а) инсталирани локално на секој компјутер
(на пример Outlook Express, Windows Mail, Mozilla Thunderbird)
б) централизирано – како WebMail
(на пример Roundcube).

Апликацијата овозможува креирање на неограничен број на е-маил акаунти со стандардни функционалности.

Со апликацијата доаѓа и веб базиран интерфејс за пристап до пораките од страната на вработените од секаде каде што има Интернет (значи внатре од фирмата и однадвор).

Перформанси

Голема брзина (до три пати побрз од својот најблизок конкурент). Десктоп компјутер може да прими и испрати еден милион различни пораки дневно. Користи веб сервер трикови за да се намали создавањето на прекумерен волумен без притоа да се загрози сигурноста.

Компатибилност

Програмот е sendmail-компатибилен со што ја прави лесна миграцијата од друг систем. Лесен е за администрирање.

Стабилност

Кога се пречекорува големината на дисковниот простор или меморијата софтверот е дизајниран така да наместо да направи поголеми проблеми, тој едноставно прави исклучување. Кога се зголемува бројот на пораки, нема потреба од никакво дополнување или проширување на софтверот. Системот секогаш, во секој случај има одлична контрола.

Флексибилност

Програмот е изграден од повеќе од десетина мали програми, од кои секој извршува по една специфична задача: добива пораки преку SMTP, пренесува пораки преку SMTP, пренесува пораки на локално ниво, ја преработува адресата и друго.

Безбедност

Користи неколку нивоа за одбрана и заштита на системот од натрапници. Не постои директен пат за пристап од мрежата до безбедносно-осетливите локални програми. Натрапникот за да пристапи до нив ќе мора првин да пробие неколку други програми. Апликацијата користи (TLS Transport Layer Security) протокол што обезбедува сигурна комуникација преку Интернет.

Comments are closed.