Колаборација

  • Колаборација, споделување на информации помеѓу членовите на тимот со стандардни функционалности обезбедена преку апликациите календар, адресар, задачи, е-маил апликација (сервер и клиент) со целосна функционалност.

Обезбедена колаборација односно споделување на информациите и записите меѓу членовите од работните тимови во реално време, со што се подобрува ефикасноста на работата во претпријатието. Е-маил пораките, календарите, документите инстант пораките се интегрирани на едно место. Префрлањето на записите од една апликација во друга се прави едноставно само со drag & drop.

Е-маил сервер апликација со стандардни функционалности. Флексибилна и интероперабилна со скоро сите е-маил клиент апликации. Е-маил клиент апликација со напредни функционалности. Големите фолдери лесно се прегледуваат со помош на тагирање на пораките, конверзациски приказ (приказ на пораките по тема низ сите фолдери) и можноста за напредно пребарување.

Е-маил сервер

Креирање на акаунти, алијаси и листи за дистрибуција. Креирање на класи сервиси со различни привилегии за пристап до одредени апликации. Мониторинг на статусот на серверот. Статистики за број на пренесени пораки и за сообраќај во одреден временски интервал. Можност за основно и напредно пребарување. Интероперабилен со скоро сите стандардни е-маил клиент апликации.

Е-маил клиент

Богат со многу функционалности како тагирање на пораки, конверзациски приказ (приказ на пораките по тема низ сите фолдери), напредно пребарување по различни параметри и по документи во било кои апликации од софтверот. Споделување на е-маил фолдерите со другите вработени (со контролиран пристап преку поставување на привилегии).

Календари

Можност за креирање на повеќе календари (приватни, работни, за одредени проекти или деловни партнери). Групни и лични календари со глобално слободно / зафатено време. Споделување на календарите со другите вработени (со контролиран пристап преку поставување на привилегии). Лесно пренесување на активности од еден календар во друг само со ‘drag & drop’. Исто така лесно пренесување на активности од Календар во друга апликација само со ‘drag & drop’.

Адресар

Креирање на повеќе лични и/или глобални адресни листи. Креирање на групи на контакти. Лесно пренесување на информациите од адресарот во друга апликација само со ‘drag & drop’. Можност за експорт и импорт на постоечки адресни листи.

Задачи

Креирање на задачи во одредена листа. Дефинирање на приоритет, статус на задачата на одреден датум, датуми за почеток и завршување на задачата. Поврзување на задачата со релевантни документи. Преглед на сите задачи или пак преглед на задачи филтрирани по приоритет, статус или ресурси.

Споделување и менаџирање на документи

Лесно споделување на записи и фолдери низ целото претпријатие. Сместување на текстови, слики, табели и други објекти во страните на документите.

Comments are closed.