Напредна колаборација

  • Колаборација, споделување на информации помеѓу работните тимови обезбедена преку апликациите календар, проект, задачи (инфолог), евиденција на работни саати, е-маил клиент апликација со стандардни и напредни можности.

Апликацијата овозможува целосен преглед на сите информации за процесот на работа во организацијата. Адресни листи за вработени и за деловни партнери. Календари со детални записи за сите активности и состаноци. Можен е преглед на проекти и тоа со преглед за ресурси, рокови и буџет. Можен е преглед на задачи со преглед на одговорни вработени, рокови, листа на сите активности, историја на промени и друго. Пристaпот до сите информации е контролиран со привилегии за пристап по група односно по корисник.

Е-маил клиент

Модулот поддржува комплетна функционалност на е-маил клиент апликација. Можно е креирање на повеќе е-маил акаунти и нивно поврзување на различни е-маил сервери. Можно пребрување по маил фолдерите по различни параметри (тема, кому е пратена пораката, од кого е добиена, итн). Системот овозможува директно запишување на пораките како активности во апликацијата Календар.

Календар

Водење на календар за сите работни активности, состаноци со соработниците и со деловните партнери. За секоја активност, можен е преглед за тема, време, локација, учесници. Можен е преглед на календарите од соработниците (ако за тоа е поставена соодветна авторизација), Преглед на активности со одредени категории на деловни партнери или соработници. Можно е да се избере различен формат на календарите: дневен, неделен, месечен или во форма на листа.

Адресар

Креирање на една или повеќе адресни листи за различни групи соработници или деловни партнери. Можно брзо пребарување по различни параметри. Поврзување на записите во адресарот со записи во апликациите Календар, Ресурси или Следење на барања.

Задачи (Инфолог)

За подобро организирање на работните процеси можно е креирање на поединечни задачи во рамките на еден проект. Делегирање на задачите до членовите на тимовите или групите. Линкување со други релевантни податоци од апликациите адресар, проект, календар или било каква датотека поврзана на задачата. Можен комплетен преглед на сите задачи или пак филтрирани по категорија, проект, сопственик на задачата, одговорен за задачата, последни промени, приоритет или статус.

Проект

Административно водење на проекти. Во секое време достапни се сите информации за вклучените ресурси, за планираните и остварените рокови за почеток и крај на проектот, информации за вкупно потрошеното време и потрошеното време по вработен, за планираниот буџет, за статусот на проектот на одреден датум. Можен е преглед на проектите преку различни апликации, Евиденција за работни сати, Календар, Ресурси, Систем за следење барања др. Можно е организирање на проектите по различни категории.

Евиденција на работни саати

Детален опис за активностите на секој вработен за одреден датум/час. За секој запис има информација за проект на кој е работено, опис на активноста, забелешки, линкови до релевантни информации поврзани на активноста односно проектот (и тоа од апликациите: Kалендар, Ресурси, Следење нa барања и др.). Можен е и кумулативен преглед на работни сати или пак филтрирање по проект, по вработен или по статус.

Следење на барања

Следење на барањата од корисниците (барања за нови понуди, пријавување на грешки и слично). Можно групирање на барањата по различни категории. За секое барање запис за приоритет, датум на отворање и датум на последна промена, статус, резолуција (решавање), на кого е доделено и релевантни датотеки поврзани со барањето.

Веб страна

Модулот овозможува креирање и одржување на содржина на веб страна со најразлични дизајни. На страната е можно објавување на информации директно од апликациите Календар, Адресар или од Следење на барања. Постојат различни можности за навигација по страната.

* Долопнителни апликации во системот се Wiki, KnowledgeBase (систем за менаџирање на документи), FreeChat и многу други.

Comments are closed.