еПродавница

  • Креирање на неограничен број на производи и категории
  • Можност за плаќање при испорака или со кредитна картичка
  • Многу статистички извештаи за работата на еПродавница-та

Апликацијата овозможува стотици стандардни функции за работа на еПродавница. Има современ интуитивен кориснички интерфејс, што овозможува лесно користење и администрирање. Апликацијата е изградена модуларно, и е прилагодлива за секаква еПродавница – како технички и функционално, така и графички.

Каталог

Каталог со неограничен број на категории, подкатегории и продукти. За секој продукт можат да се придружат слика, текст и други информации (дополнителни брошури, упатства за користење и сл.). Овозможена е поддршка за оценки и коментари на купувачите, попусти на количина, поставување на специјални цени и различни пакети додатоци.

Купувачи

Модулот овозможува креирање на различни групи купувачи, следење на купувачите (преглед на направени и на оставени кошнички), потоа програм за оценување на купувачите и програм за лојалност (доделување на поени).

Нарачки

За нарачките во продавницата можно е да се дефинираат различни статуси (по желба на трговецот). Овозможен е и преглед на нарачките во реално време и тоа на сите нарачки, или пак филтрирани по статуси. Информацијата за креирани кошнички е достапна во реално време. Системот овозмомжува креирање на PDF фактури, слипови и слипови за испорака, а исто така и специјални понуди (промоции на продукти, купони) и друго.

Плаќање

Можни се различни начини за плаќање, и тоа плаќање при испорака на продуктите, или со кредитна картичка преку провајдер за наплата преку Интернет, овластен од издавачот на картичките.

Испорака

За испорака на продуктите можно е поставување на неограничен број на доставувачи и дозволени дестинации. Исто така, можно е поставување на тарифи за испорака, зависно од цената или од тежината на продуктите. Апликацијата испраќа е-маил потврда за статусот на испораката.

Статистика

Апликацијата нуди многу статистички репорти: приказ на вкупен број на посети и посетители, број на он-лајн посетители, број на нарачки и продажби како и нивна дистрибуција во одреден временски интервал. Овозможена е и статистика за каталог, за категории продукти, за продукти и многу други.

Параметри

Можно е поставување на различни параметри за подобрување на работата на продавницата. Поддржана е оптимизација на времето за пребарување.

Comments are closed.