ERP & CRM

  • Планирање на ресурсите, листа на производи и услуги
  • Листа на деловни партнери со понуди, нарачки и/или договори со нив
  • Преглед на фактури, неплатени фактури, состојба на банковни сметки

Апликацијата има голем број на модули. Тие можат да се активираат / деактивираат по потреба односно по желба на корисникот. И покрај големиот број на модули, корисничкиот интерфејс е интуитивен и го прави лесно користењето на апликацијата.

Безбедноста на податоците е гарантирана со дефинирање на рољи (улоги) на корисниците соодветно на работното место и сигурносни полиси по софтверски објект (проект, фирма, итн). Истите овозможуваат контрола на тоа кој што може да работи во системот, односно кој тип на податоци може да ги внесува, прегледува или менува.

Деловни партнери

Модулот овозможува менаџирање на листа на деловни партнери и тоа: клиенти, потенцијални клиенти или добавувачи. За секој деловен партнер се чуваат податоци за понуди, нарачки, фактури, агенда на настани (состаноци, коресподенција,…) со точен датум и време, документи поврзани со понудите, нарачките односно фактурите, како и проекти реализирани со тој деловен партнер и други податоци.

Контакти

Модулот овозможува менаџирање на листа на контакти. Се чуваат детални контактни информации за секоја контактирана личност (која може, но не мора, да е од листата на клиенти, потенцијални клиенти или добавувачи).

Производи/Услуги

Менаџирање на каталог на производи и услуги и менаџирање на еден или повќе магацини. За секој производ, односно услуга, преглед на сите направени комерцијални понуди, нарачки кон добавувачите, нарачки од клиентите, фактури за клиентите, цени од добавувачите и цени кон клиентите. Системот овозможува и статистика за продажбата во последните 12 месеци, Прикачување на фотографии за производите, како и други релевантни податоци. Преглед на состојбата на производите во магацините, преглед на влез/излез на производи, генерирање на лог (дневник), и други активности.

Комерцијално работење

Модулот овозможува менаџирање на сите документи од комерцијалното работење. Можно е листање на сите верзии на комерцијалните понуди (со можен експорт во PDF), сите нарачки, сите нарачки кои се во статус на чекање, сите отворени комерцијални понуди, сите фактури (со можен експорт во PDF), сите испораки итн.

Финансиско работење

Менаџирање на документите од финансиското работење. Соодветно, можен е преглед на фактури од добавувачи, преглед на неплатени фактури за добавувачи, пребарување на фактури од одреден добавувач, преглед на патувања и трошоци, преглед на платени даноци, дивиденди и друго.

Банковни сметки

Следење на состојбата на банковните сметки. Можен е преглед на банковните сметки, состојба на секоја сметка, биланс, број на трансакции што треба да се извршат и друго.

Проекти

Следење на статусот на проектите поврзани со одреден клиент. Соодветно можен е преглед на сите проекти и листа на деловни партнери со кои се реализирани проекти. За секој проект може да се види статусот, незавршени задачи, планирани времиња за реализација, буџет, даноци, документи поврзани со проектот и друго.

Продажни места

Модулот овозможува поддршка за работа со Апликацијата од дислоцирани продажни места. – продавници. Вработените од продавницата се поврзуваат на централниот систем и можат да ги изведуваат сите активности кои се потребни за функционирање на продавницата.

Comments are closed.